(Фото) Гвинет Палтроу ја потврди венчавката со фотка од бурмите!

Добивај вести на Viber

Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу се венча тајно, далеку од јавноста со продуцентот Бред Фалчук. Тајната церемонија била приредена во раскиошна вила во Хемптонс, а на венчавката присуствувале семејствата, најблиските пријатели и колеги на новопечените сопружници.

Сепак од кога протекоа фотки од венчавката, актерката и сама ја потврди веста на својот Инстаграм профил, со фотка од својата бурма и онаа на нејзиниот сопруг.

Инаку двојката се забавува неколку години, и тие се лудо вљубени еден во друг. Бред пред неколку дена и го честита роденденот на Гвинет со прекрасна порака.

„Кога беше фотографирана оваа фотографија? 1940? '50? '70? Претходното лето? Денес е роденденот на оваа безвременска убавина. Таа е родена со бескрајни подароци - големи сини очи, мозок и срце преплавени со љубопитност, великодушност и можности и оние долги нозе кои кршат срца одат и натаму - но никогаш не ги одмора воопшто. Гвинет, ти си највредното лице што го знам. Од твојата прва шолја  кафе наутро до последната чаша виски навечер. Од теретаната до канцеларијата па се до домашните задачо на кујнската маса. Ти ни се даваш себеси, цело време. И секогаш со насмевка. Можеби затоа, иако си најдобрата личност што постои, секоја година се пдообруваш. Среќен роденден, Љубов.“ - напиша Бред на својот Инстаграм профил.

Тој знае често да објави фотографии до сега веќе својата сопруга, и секогаш со позитивни коментари за нејзината убавина и карактер.