(ФОТО) И КЕЖУАЛ И ЕЛЕГАНТНО: Модна комбинација која може да ја носите во секоја прилика

Добивај вести на Viber

Ако сте зафатени, а во еден ден мора да биете вистински магионичар и да скокате помеѓу кежуал и елегантни комбинации, имаме решение: свилена кошула и фармерки се идеални за сите прилики.

Да, тоа навистина може да биде толку едноставно. Обична свилена блуза и фармерки се основна комбинација со која никогаш не може да згрешите. Чиста, елегантна и женствена. Без разлика на тоа дали горниот дел на блузата има кружно деколте или врвка за марама, важно е да биде од пријатен материјал и да изберете боја која најмногу ви одговара со тенот.

Нашите предлози се во продолжение.