(ФОТО) Има 61 изгледа како 30-годишна: Сопругата на Балашевиќ во костим за капење
Сопругата на музичарот Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера, покажа дека изгледа одлично и покрај тоа што пред неколку месеци наполни 61 година. Иако е најпозната како сопруга на Балашевиќ, Оливера е позната и како актерка, иако ја запостави кариерата кога реши да се омажи и да се посвети на семејниот живот и децата.
Таа на Инстаграм објави фотографија од себеси во костим за капење и остави многумина без здив. Но, Оливера не само што е убава, туку е и во добра физичка состојба.
Под објавата Оливера цитираше дел од нејзина книга.
Инаку Оливера Балашевиќ е родена во Зрењанин на 29 април, 1959 година, а уште од рана возраст сакала глума и спорт, била позната и како гимнастичарка. Работела и во средно училиште во Нови Сад. Таа има три деца со сегашниот сопруг, двете ќерки Јована и Јелена и синот Алекс. Инаку со Балашевиќ се запознала на сетот на филмот „Поп Ќира и поп Спира“.
извор:zenskikutak.rs