(ФОТО) Изгледа најдобро досега: По разводот Адел тагата ја лечи со вежбање

Добивај вести на Viber

Планетарно популарната пејачка Адел се појави на роденденската прослава на колегата Дрејк, која се одржа во Холивуд, а нејзиниот изглед предизвика лавина од коментари и реакции. Имено, пејачката беше облечена во црн долг кадифен фустан, во кој ја покажа новата линија, а многумина забележаа дека е многу ослабена. За нејзината нова линија се заслужни часовите вежбање, а таа особено ужива во пилатесот.

На почетокот на оваа година многумина обожаватели ги изненади веста дека се разведува од сопругот Симон Конецки со кој има и син. Додека претходната разделба и песните кои произлегоа од истата и донесоа светска слава, 31 - годишната пејачка овој пат се одлучи тагата да ја замени со вежбањето.

Па, така на својата последна објава на Инстаграм сподели фотографија од забавата и покрај неа напиша: „Некогаш плачев, сега само се потам“, алудирајќи на својата новопронајдена страст.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele) on