(ФОТО) КАКО ФИЛМСКИ ДИВИ: Брижит Макрон во сенка покрај гламурозната Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп и Брижит Макрон, првите дами кои го воодушевуваат модниот свет со свои изданија, беа центар на вниманието на свечената вечера во Вашингтон.

Поранешната манекенка која корените ги влече од Балканот, во тридневна посета ја угостува првата француска дама Брижит Макрон, повторно воодушеви со модниот избор.


Убавата 47-годишна Меланија остави без здив со гламурозното издание во кое не би се посрамиле ни холивудските диви на црвениот килим.


Двете први дами се одлучиле за проверена формuла, па заблескале во креации со француски потпис: Меланија во легендарниот Шанел, а Брижит во омилениот Луј Витон-бел фустан украсен со златни детали.


Меланија косата ја зачешлала на страна, а многумина забележале дека и својата коса ја освежила со карамел прамени и малку ја скратила.

Згодна Словенка и сега не експериментирала со шминката, држејќи се до својата класична формула “нагласени“ очи и кармин во пудра нијанса.


Не изостанаа пофалбите од модните критичари и за двете први дами, па дури и самиот Доналд ја пофали сопругата за тоа колку е прекрасна  и како без неа не би можел да функционира.