(ФОТО) Катица Јанева елегантна со туфни: По примерот на светските модни трендсетерки

Добивај вести на Viber

Точките или популарно наречени „туфни“ се појавија на облеката во текот на 60-тите години и се уште се сметаат за олицетворение на елеганцијата. Тие се дел од омилените модни комбинации на шпанската кралица Летиција, како и американската прва дама Меланија Трамп.

Очигледно овој тренд реши да го следи и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на своето појавување денеска во Основоното јавно обвинителство за да даде исказ за случајот „Рекет“. Таа избра фустан и сако со туфни во две различни нијанси.

Фото: Telma.com.mk

Туфните потсетуваат на стариот холивудски гламур. Тие никогаш не излегуваат од мода, а модните дизајнери често ги користат како принт за своите колекции.

Фото: dw.com / DW/P. Stojanovski