(ФОТО) Ќерката на Ѓоко Танески порасна во вистинска убавица
Постарата ќерка на Ѓоко Танески, Анастасија денеска полни 11 години. „Среќен роденден на мојата прва љубов“, напиша пејачот на својот Фејсбук профил.
„Времето лета, и не ми се верува кога Анастасија израсна волку брзо. Роденденот ќе си го прослави со своите другари, а јас ѝ посакувам само да биде паметна и да го следи својот сон“, ни изјави Ѓоко. По фотографијата се гледа дека Анастасија многу личи на мајка си.
Танески и неговата сопруга Розе која е сопственичка на козметички салон се во среќен брак повеќе од 11 години. Освен Анастасија, нивна гордост е и помалада ќерка, Михаела која има неполни седум години.
Пред неполни два месеци, Ѓоко магистрираше на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. „Многу сум радосен. Од дете ја посакував оваа титула. Му благодарам на тимот на УТМС чие заштитно лице сум“, ни изјави Ѓоко тогаш.