(ФОТО) Ќерката на Ирена Спировска е вистинска убавица
Познатата ТВ-водителка Ирена Спировска ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи, па пријатно ги изненади фановите објавувајќи фотографија од нејзината ќерка Зорица. Таа има 20 години и е многу поврзана со мајка си.
- И двете ги сакаме патувањата, па најчесто кога имаме слободно време сакаме некаде да отпатуваме, а кога сме дома сакаме да гледаме филмови - изјави Ирена претходно во интервју за „Женски магазин“.
Спировска која е и маркетинг директор во телевизија „Алфа“ пред два месеца конечно проговори и за партнерот со кого е во врска подолго време.
- Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен - изјави таа за „Женски магазин“.