(ФОТО) Ќерката на Турунџиева е среќна тетка на девет години
Иако има само девет години, помалата ќерка на Сузана Турунџиева, Матеа вчера стана тетка. Нејзината сестра, постарата ќерка на Турунџиева, Лора вчера роди син. Турунџиева, на својот Инстаграм профил објави фотографија од Матеа која носи маица со интресен напис: „Стаса тетката“.
Водителката и писателка, вчера, откако стана баба за Женски магазин изјави дека нејзината ќерка Лора е голем борец.
„ Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно“, ни изјави Сузана. Таа вели дека внукот многу личи на својот татко, Филип Наунов, кој бил со Лора за време на породувањето.
Лора и Филип се венчаа летово во Скопје. Турунџиева, која пред четири ипол години го загуби сопругот Маријан, рече дека со раѓањето на внукот доаѓа нов, поубав период за целото семејство.