Ќерката на премиерот Зоран Заев ужива во Будимпешта, хит-дестинација која ја посетуваат сѐ повеќе Македонци. Со фотографијата што ја сподели на нејзиниот профил на „Инстаграм“ кој е отворен за јавноста, Александра Заева уште еднаш потврди дека ја сака модата и има одличен стил.
Нема дилема дека интересот за нејзиниот приватен живот секојдневно расте. Некои медиуми веќе објавија дека Александра студира во Солун и дека е во сериозна љубовна врска.
Премиерот Заев има уште едно дете, синот Душко кој е скоро три години помал од Александра.