(ФОТО) Кога се роди татко ѝ рече дека никогаш нема да се омажи: Денес има 24 години и изгледа заносно

 - Моето раѓање се случи пред 24 години, еден петок наутро. Моите родители едвај чекаа да го видат своето прво дете. Тие се надеваа на убава, здрава девојка. На прв поглед, тие го добија тоа. Сепак, на втор поглед, видоа дека биле измамени. Кога сум се родила тато рекол: „Таа никогаш нема да се омажи“, вака ја започнува својата приказна Реган Кембел, која е родена со белег, познат како „дамка од вино“, кој и го зафаќа половина од лицето.


- Кожата ми била отечена, полна со вени и со огромна дамка. Кога тато ме видел, искоментирал: „Таа никогаш нема да има момче“, а потоа ја напуштил собата за да се собере. Мама имала сосема поинаква реакција и веднаш ме прегрнала. Не е ништо страшно, татко ми по природа е драматичен. Лекарите веднаш им објасниле дека не е ништо страшно - вели Реган.

Моите родители биле решени да дознаат колку што можат за мојот белег. За среќа, белегот не ми ги зафаќал очите, што може да доведе до глауком и немало текстура, што исто така ги олеснило работите.


Започнавме со третмани кои не беа лесни. На пример, за време на првите неколку третмани, не постигнавме ништо, освен што малку ја скршивме лузната, па наместо парче, таа беше расфрлана како остров на моето лице.

Јас пораснав, а со тоа и лузната. Некако се споив со неа. Иако многумина коментираа, испрашуваа, зјапаа, благодарение на мајка ми секогаш бев задоволна од себе и од мојот уникатен изглед. Меѓутоа, кога започнав со училиште, започна моето задевање од врсниците.

Влегував во тинејџерските години и започнав да ја сокривам лузна со шминка. Наскоро, не можев да замислам да му го покажам некому лицето без шминка. Со третманите, лузната исчезна, но никогаш не исчезна целосно.


Сепак, на колеџ, почнав почесто да излегувам без шминка. Јас исто така отворив група на Фејсбук за луѓе во слична ситуација. Тогаш скокна мојата самодоверба - се поврзав со луѓе кои разбираат низ што минувам.


Денес, никогаш не ми паѓа на памет да ја скријам лузната. Напротив, сакам да го прикажувам на улица, на Инстаграм, на Тик Ток. И срцето ми е полно секој пат кога некој со сличен белег ќе ми се заблагодари што сум му дада сила. А, што се однесува до забелешката на татко ми дека никогаш нема да имам момче - се покажа дека не е во право.


Фото: Инстаграм

Moжеби ќе ве интересира:

Очекував близнаци, а пристигна веста што ми го уништи животот: Милица за животната битка со предвремено родените близначиња