(ФОТО) Коктели и забава во бикини: Ирена Спасовка ужива во Египет

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Ирена Спасовска ужива на луксузен одмор во Египет. Таа на својот Фејсбук профил често објавува фотографии од летувањето во Хургада.

Спасовска, откако ја раскина долгогодишната врска со новинарот Орце Гелевски е поактивна на социјалните мрежи, а од овој одмор редовно споделува и на својата официјална Фејсбук фан страница. 

„Не ме мислете.Топ ми е. Кулирам“, порача Спасовска до фотографиите во кои е главно во бикини, пие коктели и ужива на плажа, на базен и во прошетките низ Египет.  

Во март месец, таа уживаше на одмор во Катар, каде што се пофали дека е во друштво на Шеик.