Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Кошулата на Јелена Розга мора да ја имате оваа есен
Популарната пејачка уште еднаш не увери дека во наједноставните комбинации изгледа генијално. Јелена Розга е голем љубител на фармерки и кошули, а овојпат комбинираше преслатки модели во кои се заљубивме.
На едноставните фармерки сечени во долниот дел, искомбинира црвена кошула која е апсолутен хит за оваа сезона.
Кошулата е во силна црвена боја, а е впечатлива и поради своите долги пуфнести ракави и длабокото деколте кое завршува со ременче. Исполнета со ситни бели цветови, кошулата е идеална за крај на летото и почетокот на есента.