(ФОТО) Кралицата Ранија го менува светот уште пред Кејт Мидлтон и Меган Маркл: Преубава во едиторијал за „Harper's Bazaar“
Уште многу пред на кралската сцена да се појават Војвотката Кејт Мидлон или Кралицата Летиција од Шпанија, јорданската кралица веќе ги рушеше предрасудите и ги менуваше правилата на облекување во муслиманската земја. И без сомнеж ја носи титулата на најубава кралица во светот.
- Не сум подготвенa да се откажам од човештвото и хуманоста- вели кралицата Ранија Ал Абдула од Јордан, јасна и строга во гласот, со тивко насмеани очи во нејзиното искрено интервју за арапскиот „Harper's Bazaar“.
Нејзината положба во текот на изминативе 20 години е навистина тешка, со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг Кралот Абдула Иб Ибн Ал Хусеин владее со Јордан, арапска нација која ги дели своите граници со Ирак, Саудиска Арабија, Сирија, Израел и Палестина, ставајќи ја во сржта на некои од најстрашните глобални конфликти во последно време. Сепак, во услови на пет тековни конфликти и две од најголемите хуманитарни катастрофи во светот - во Сирија и Јемен - Јордан останува светилник за еластичност и оптимизам во арапскиот свет, а неговата кралица, глобално почитуван симбол на модерна Арабија.
Кралицата Ранија има 48 години, од нив 25 години е во брак со јорданскиот крал. Таа има посебна комуникација со народот, а на својот профил на Инстаграм на кој ја следат 5.1 милиони луѓе, искрено и отворено зборува за своето секојдневие.
Таа е вистински лидер, филантроп, хуманитарец, борец за човечките права и за жените. Покрај тоа, таа е сопруга и мајка на четири деца.
Кралицата Ранија има завршено економски факултет за финансии, а пред да се запознае со својот сопруг била протерана од својот дом со семејството.
Јорданската кралица Ранија е беспрекорна во својата едноставност, но и ефектност и во доменот на облекување, па и „нема рамна“ меѓу дамите со сина крв.
- Со голема страст ја работам својата работа и облеката нема поврзаност со тоа. Разбирам дека имам одговорност да ја претставувам својата земја во добро светло. Па, наместо да ги следам најновите трендови, целам да се облекувам на начин кој го рефлектира она што сум. Најкомфорно се чувствувам во скромна облека – делумно поради мојата позиција, но воглавно затоа што чувствувам дека тоа е правилно за мене, како жена... На крајот на краиштата, се надевам дека мене ќе ме дефинира мојата работа, а не мојата гардероба“ - изјави таа.