(ФОТО) КРАЛСКАТА ЧЕТВОРКА: Се пошегуваа дека се „заглавени“ заедно до крајот на животот

Добивај вести на Viber

Принцот Хари се пошегува дека со неговата идна сопруга Меган, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се „заглавени заедно до крајот на животот“. 

Oва го кажа на првото заедничко претставување на кралската четворка на настан во Лондон.

Тие беа почесни гости на форум во Лондон и зборуваа за актуелни теми и проблеми ширум светот.

Меган Маркл не ја пропушти шансата да го подигне гласот за #MeToo и #TimesUp кампањите кои имаат за цел да ги откријат сите злоставувања на жените во светот, а со тоа и да ја подигнат свеста на повисоко ниво.

Ако не го сметаме појавувањето на Божиќ, ова е прв настан од ваков тип на кој кралската четворка се појавува заедно.

По повод форумот во Лондон, Кејт одбра виолетов фустан со должина до колената, додека Меган се одлучи за пософистицирана тегет креација, помеѓу фустан и наметка. Принцовите беа во бизнис-кежуал варијанта.