(ФОТО) Лекарите се криви што умирам: Поранешната девојка на Кристијано Роналдо има тропска болест

Јасмин Ленард, 33 годишната манекенка, ѕвезда на британското шоу „Големиот брат“ и поранешна девојка на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, ги шокираше сите нејзини следбеници, откако на својот Инстаграм профил објави вознемирувачка порака, а потоа од непознати причини ја избриша.

Манекенката се заразила од бизарна тропска болест кај која, паразити се движат низ телото на болниот и можат да се сместат во неговото срце, каде можат да живеат и да се размножуваат со години.

 „Четири пати бев во болница и им кажав на докторите дека имам инсекти во моето тело. Четири пати не сме сфатија сериозно, туку ме испратија на психијатар, бидејќи мислеа дека нешто друго не е во ред со мене. Четири пати го занемарија тоа што им го кажав и не ми понудија лечење. Четири пати ме одбија за целосно прегледување на телото, поради мојата слабост, заклучувајќи дека имам проблем со дрога или дека болувам од шизофренија. На крајот, се испостави дека сум во право и дека сум многу болна. Ако не умрам, сите ќе ги тужам!“ – пишуваше во објавата.


Манекенката додаде дека моментално се лечи, но се чувствува како да умира. Таа нагласи дека е многу разочарана од докторите и болниците, бидејќи никогаш немале слушнато за ваква болест од која таа боледува.