(ФОТО) Лила и Лозано заедно во Дубаи
Поп-пејачот Лозано и водителката Лила Стојановска се на заеднички одмор. Тие денеска отпатуваа во Дубаи. На своите инстаграм профили, Лила и Лозано објавија слики од скопскиот Аеродром.
Лила на повеќе од своите објави на социјалните мрежи не пропушта да сподели песна од Лозано, и во повеќе наврати има изјавено дека омилена песна ѝ е „Ова лето ќе се памти“.
Познатата водителка на квизот „Сѐ или нешто“ често патува на повеќе светски дестинации, а Лозано неодамна се врати од мини одмор во Грција. Во луксузен хотелски комплекс на Халкидики, пејачот беше со својата колешка Магдалена Цветкоска-Ена, која е автор на текстовите на сите негови љубовни песни.
Судејќи по активноста на социјалните мрежи и на двајцата, Лила и Лозано ќе објават и други слики од заедничкото патување.