(ФОТО) Лоба со необичен роденденски имиџ

Добивај вести на Viber

Викторија Лоба, денеска во кругот на најблиските го прослави својот јубилеен, 30 роденден. На популарната пејачка која е по потекло од Русија, ретко кој би ѝ дал 30 години.

Со букет цвеќе и подарок кој го доби од блиски пријатели, на Лоба денот и започна со изненадување. На својот инстаграм профил, пејачката објави слика на која е со необичен имиџ. „Роденденско расположение“, напиша Лоба. 

„ Мојата мотивација ја црпам од самата себе, од вербата, од желбата да го остворам својот потенцијал. Голем мотиватор за мене е секако и музиката како и публиката која го цени она што го работам. Секој мој мал успех ме мотивира и ми помага да одам напред“ , е роденденската порака на Викторија. 

Лоба неодамна беше на работен одмор на грчкиот остров Санторини, каде што сними и спот. Пејачката од Санторини објавуваше романтични фотографии н својот инстрагртм профил. 


Неодамна, за Женски магазин , таа откри дел од нејзините ритуали за убавина. „Правам пилинг на целото тело.Тоа ми ја одржува виталноста на кожата“, изјави таа.