(ФОТО) Look of the day: Амал Клуни во Chanel комбинација поставува нов кодекс на деловното облекување
Британската адвокатка со либанско потекло која царува во срцето на шармантиот Џорџ Клуни после оправдана пауза (роди близнаци) и се врати на својата должност. И тоа со таков стил повторно цел свет да зборува за нејзината модна комбинација...
Во манири на успешна жена, госпоѓата Клуни ништо во животот не и препушта на случајноста - го освои срцето на еден од најголемите холивудски заводници, лани се оствари во најважната улога-мајка, а веќе со години е успешен адвокат кој се занимава со најчувствителното право - борба за човекови права.
Нејзиното враќање завчера во њујоршката судница не врати во некои поинакви времиња, барем што се однесува до модата. Не потсети на неприкосновената икона на стилот на Џеки Кенеди и тоа поради ladylike комплетот кој го облече, а чиј крој и бил омилен на некогашната прва дама на Америка.
Сиво-сребреното одело се состои од пенсил (молив) сукња со висок струк и женствено, благо струкирано сако со дискретна, кружна јака. Едноставен, но ефектен комплет носи потпис на престижната француска модна куќа Chanel додека со белата чанта на Roger Vivier и крем салонките на Jimmy Choo брендот, убавата црнокоса на целата таа комбинација и го даде тој софистициран во истовреме силен печат.
Нејзиниот beauty избор е комплетна доминација на изгледот: ја пуштила косата, очите ги сокрила зад наочари, но се определила за пинк руменило и кармин кои и дале една смела и забавна нота во целост.
Всушност - конзервативниот моден избор на Амал го омекнала со новите beauty трендови и така уште еднаш не воведе во светот на модата во кој различните, но добор усогласени елементи не само што се можни, туку и премногу посакувани.