(ФОТО) Лозано го пречека Бреговиќ во Скопје

Влатко Лозаноски-Лозано му посака добредојде на Горан Бреговиќ во Скопје. Босанскиот музичар со светско реноме, кој ќе одржи концерт во ВИП Арената утре, (петок), се дружеше со македонскиот поп-пејач кој ќе пее во истата Арена еден ден по него, во сабота.

Бреговиќ пристигна неколку дена порано во Скопје, каде што го очекуваат проби со оркестарот на Македонската филхармонија, по повод концертот во петок во ВИП Арената, каде за прв пат пред домашната публика ќе го претстави светскиот проект “Three Letters from Sarajevo”.

Лозано, со концертот во сабота ќе слави 10 години кариера, а Бреговиќ, на концертот во петок, ќе го прослави својот 69. роденден.