(ФОТО) Мартина Михајловска во топ форма само два месеци по породувањето

Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска, на крајот на месец април на свет донесе ќерка која го носи името Алана.

Михајловска ужива во Охрид, каде што живее со сопругот, Виктор Илоски.

Нејзината витка линија не е проблем ни по породувањето, а за тоа сведочат фотографиите на социјалните мрежи. Мартина изгледа одлично.

Манекената и охридскиот бизнисмен се во брак од минатото лето, а вешто ја криеа бременоста на Мартина.