(ФОТО) Меган Маркл блесна на Вимбелдон: Ланчето може да го имате и вие
За Војвотката од Сасекс, пријателството е на прво место. Имено, Меган Маркл вчера се појави на Вимбелдон, заедно со две свои пријателки за да ја бодри тенисерката Серена Вилијамс.
Бидејќи дојде да ја поддржи својата добра пријателка Серена, претпоставките се дека баш таа ќе биде кума на малиот Арчи, чија крштевка е закажана за следната недела.
Меган за оваа пригода се облече лежерно- со фармерки, црна маица и бел блејзер. За елеганцијата на Војвотката, придонесоа црните салонки. Од стајлингот не изостана ни главниот летен тренд- шеширот, а присутните не можеа да не го забележат ланчето со иницијал „А“ за синот Арчи.
Ваквите нежни ланчиња се најдобар избор за да ги носите најмилите секаде со себе. За среќа, тие се достапни и кај нас, преку италијанскиот бренд за накит Rebecca, кој има огромен избор на ланчиња со иницијали во својот асортиман. Каролина Гочева и Тамара Тодевска се само неколку од оние кои веќе имаат вакво ланче во својата колекција. Зошто да немате и вие?