(ФОТО) МЕГАН МАРКЛ ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО СКАНДАЛОТ СО ФОТОГРАФИИТЕ: Не ја тргна насмевката од лице!

Добивај вести на Viber

Принцот Хари со свршеницата Меган Маркл стигнал во Белфаст, во рамки на турнејата во Северна Ирска.


Таму во изложбениот центар Ајкон ги дочекале бројни воодушевени млади почитувачи, кои на идната војвотка и подариле голем букет цвеќиња.


Поранешната актерка не го криела доброто расположение.


Тоа секако и било неопходно откако јавноста ја преплавија нејзини фотографии на кои е сликана топлес.

За оваа прилика, идната млада невеста облекла зелена миди сукња во чест на Северна Ирска, беж џемпер со потпис на Викторија Бекам и капут во нежна нијанса на сиво.


Елегантната комбинација ја дополнила со браон салонки со високи потпетици и чантичка во иста боја, а косата ја собрала во опуштена пунџа.


Нејзиниот иден сопруг цело време бил покрај неа, покажувајќи дека скандалот со топлес фотографиите воопшто не го допира. Меѓутоа, уште не се знае како најважната личност во семејството, кралицата Елизабета реагирала на овој инцидент.