(ФОТО) МЕЛАНИЈА СЛАВИ РОДЕНДЕН: Убавата Балканка издоминира, денес никој не може да претпостави колку години полни
Најпознатата Американка со словенски корени, поранешна манекенка, а од лани и прва дама на Америка, Меланија Трамп , денес ќе прослави роденден и ќе наполни 48 години.
Целиот свет со денови зборува за првата дама на САД Меланија Трамп, која целосно го засени сопругот при посетата на францускиот пар Макрон кои беа угостени во Белата куќа.
Меланиа Трамп важи за дама од стил, а нејзините модни комбинации секој пат воодушевуваа. Во текот на посетата на француските претставници, поранешната манекенка се потруди да избере најдобри можни креации.
За дочек на гостите од Франција Меланија избра заводлива црна креација со вртоглави штикли и мала црна чанта.
На приемот во Белата куќа првата дама на САД ги дочекала гостите целосно облечена во бело , со шешир во бела боја. Многумина едвај го чекаа двобојот на двете први дами, бидејќи и Брижит Макрон важи за жена од стил.
Иако двете беа облечени во бело и со високи потпетици, госпоѓата Трамп издоминира.
За нејзината сребрена тоалета на државната вечера со Макронови зборуваа сите. Меланија Трамп блескаше во сребрена креација на Шанел со кристали.
Со изборот на дизајн од француската модна куќа Меланија им оддаде почит на своите гости, што сите го дочекаа со воодушевување.
Иако на прв поглед изгледа дека работата на првата дама е да биде дотерана и средена, нејзините надлежностi се многу поголеми.
Белата куќа објави видео во кое Меланија прв пат била во улога на домаќинка. Таа подготвувала прва официјална вечера во Белата куќа, откако нејзиниот сопруг стана претседател на Америка.
Првата дама има голем број на обврски во Белата куќа, а една од првите е да се грижи за нејзиното уредување и како да ги забавува гостите.
Нејзината задача е внимателно да избере мени за вечера, да избере кој вид на цвеќе ќе ја краси куќата и да се грижи за секој детаљ внатре во Белата куќа.
Освен што води сметка за церемонијални работи, Меланија често ја гледаме во посети на школи, разговори со деца, посети на знаменитости при посета на некоја странска земја, била на Блискиот исток со својот сопруг. Нејзината улога често се сведува на поддршка за сопругот.
-Меланија изгледа толку срамежливо и мислам дека тоа е особина кој им одговара на првите дами. Не сака нејзиниот глас претерано да се слуша во јавност-истакнала една водителка од БиБиСи.
Државна посета на претседател, премиер, крал или кралица е една од најважните работи на кои првата дама присуствува.
-Тоа е многу повеќе од изборот на сервис, мени за вечера или цвеќе и тоа еден од начините гордо да ја претстави својата нација пред светот, заклулија од БиБиСи.