(ФОТО) Мил мој, ми замина: Александра Пријовиќ скршена од болка

Иако сега е во убав животен период, по раѓањето на синот и враќањето на успешната музичка кариера, Александра Пријовиќ доживеа смртен случај во своето семејство, и тоа многу ја погоди.

Имено, пејачката е скршена заради смртта не својот дедо. Таа никогаш не криеше колку голема улога игра тој во нејзиниот живот, а сега се прости од него со потресни зборови.

- Мил мој дедичко, ми замина.. Многу ќе ми недостигаш... Не можам да ти ја опишам тагата и болката... Се надевам дека таму некаде ти е подобро и дека анѓелите те чуваат... Те сака твојата внука најмногу на светот, дедичко мој... Засекогаш- напиша Александра под заедничката фотографија.