(ФОТО) Министерката Нина Ангеловска со маска за заштита на прес-конференција

Добивај вести на Viber

Додека од вчера во нашата држава е прогласена вондредна состојба поради заштита од коронавирусот, министрите од сите ресори често излегуваат на прес-конференции за да ги известат граѓаните за новите промени и мерки што се преземаат.

Така денес министерката за финансии Нина Ангеловска, беше првата од политичарите која се појави со маска за заштита на лицето. Додека нејзините колеги зборуваа маската беше на нејзиното лице, а ја извади само кога самата даваше изјава.

Потоа веднаш повторно си го покри лицето и застана до своите колеги од Министерството за економија.