(ФОТО) Модерна идна мајка: Александра од „Брза кујна“ го покажа трудничкото стомаче

ТВ-водителката Александра Пановска Илиевска, на гледачите позната по кулинарското шоу „Брза кујна“, во 6-тата сезона од емисијата паузира од водителството, поради приновата која ја очекуваат со сопругот со кого се заедно веќе 16 години.

Деновиве Александра за прв пат го покажа и трудничкото стомаче.

Покрај тоа што таа е модерна идна мама и прекрасна трудница, ја покажа и модерната количка во неутрална боја, подготвена за за бебето кое го очекуваат.