(ФОТО) Модерно семејство: Елена Петреска со најмилите во Зоолошка

Добивај вести на Viber

Пејачката Елена Петрескасо своето семејство се приклучи на кампањата „За здрави и среќни животни". Таа со сопругот Андреј и синот Михаел и ќерката Софија, дадоа до знаење дека животните треба да јадат само здрава храна, која им ја даваат ЗОО негувателите. 

Елена досега неколку пати помагала на Зоолошката градина преку хуманитарни настани.


Пејачката вчера на својот Инстаграм профил објави фотка од своите најмили, кои беа облечени во модерни комбинации и изгледаат навистина преслатко.