(ФОТО) Модно парче кое ќе биде ин оваа пролет: Чевли за секоја пригода

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Shutterstock

Уште еден тренд што со задоволство ќе го следиме

Доста ни е од зимата, а неколкуте сончеви денови што ги оставивме зад нас дополнително ја разбудија желбата за пролет и отфрлање на чизми и палта.

Додека дефинитивно не пристигнат тие топли пролетни денови, ние уживаме да ги разгледуваме колекциите за пролетни чевли и слободно можеме да кажеме дека еден модел се истакна како најпосакуван за претстојната сезона!

Станува зборт за двобојни шпицести балетанки!

View this post on Instagram

A post shared by Calzoleria Parmense (@calzoleriaparmense1934)



Многу поелегантни од заоблените, овој модел на рамни чевли ќе биде совршен избор за одење на работа, како и за попладневни прошетки, бидејќи тие се пријатни и добро се вклопуваат во скоро секоја комбинација на облека.


Тие се совршен додаток на здолништа, фустани, елегантни аутфити, па дури и фармерки.

Без разлика дали ќе изберете класичен модел со црна комбинација што потсетува на култниот модел на мокасините „Шанел“ или храбар модел со животниски принт, секако ќе имате парче кое ќе биде најпосакувано во претстојната сезона.

View this post on Instagram

A post shared by Le Boffi Shoes (@leboffishoes)


Што и да одберете, едно е сигурно - нема да погрешите со овој удобен и елегантен модел!


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Не е сè толку гламурозно: Инстаграм профил открива како навистина се облекуваат Французинките