Моден фокус // Трендови
(ФОТО) МОРА ДА ЈА ИМАТЕ И ВИЕ: Најпосакуваната чанта за ова лето
Неодамна пишувавме дека оваа чанта ќе стане хит летово, а она што го гледаме на улиците во светските метрополи е токму чантата од бамбус .
Веројатно следбеничките на модата веќе ја виделе на Инстаграм профилите на различните модни блогерки.
Оваа чанта која ги освои срцата на многумина е минималистичка но сепак сестрана која совршено ќе го дополни секој летен стајлинг и ќе стане сјаен детаљ кој ќе ги задржи погледите. Идеална е за плажа, прошетка во град и достапна во повеќе димензии.
По големата популарност, брендот „Cult Gaia“ претстави уште неколку интересни модели од бамбус, но чантата „Gaias Ark“ во природна нијанса на бамбус продолжува да владее и ова лето.
Како ја носат трендсетерките-откријте во галеријата.