Моден фокус // Трендови
(ФОТО) На која подобро ѝ стои: Јана Бурческа и Камила Кабејо во ист костим за капење
Белата боја и оваа сезона е ИН. Со нејзе никогаш не можете да погрешите, без разлика дали станува збор за фустанче, шорцеви, маички или пак костим за капење.
За бел костим за капење се одлучи и популарната пејачка Камила Кабејо, која го облече на одморот со нејзинито момче Шон Мендес.
Но, она што ни го привлече вниманието по објавување на фотографиите од Мајами, беа фотките кои ги сподели нашата пејачка Јана Бурческа.
Имено, од фотографиите може да се забележи дека и таа носи сличен, ако не и ист костим за капење како светски познатата пејачка.
Која од нив двете го купила прва не знаеме, но затоа оставаме на вас да одлучите на која подобро и стои!
И.М.