(ФОТО) На растојание: Како изгледа Берлинскиот театар прилагоден на новата нормалност

Добивај вести на Viber

Целиот свет е на растојание последните неколку месеци.

Со враќањето во реалноста и навиката за „нова нормалност“, многу работи требаше да се променат. Со желба да се вратиме на културата и уметноста што е можно побрзо, и со почитување на социјална дистанца, смислен е креативен начин да се примени тоа во светот на културата.

Берлинскиот театар пред пандемијата

На Берлинскиот театар, Ансамбл Берлинер, основан во 1949 година од актерката Хелен Вајгел и нејзиниот сопруг, драматург, Бертолд Брехт, му се даде целосно нов изглед. Неодамнешното објавување на фотографиите  покажува малку поинаква слика за ентериерот на театарот.

За да се обезбеди препорачаната оддалеченост меѓу гледачите во публиката, беа отстранети одреден број на места. Новиот распоред содржи 200 места, а инаку бројот изнесуваше 700. На овој начин, беше исполнето барањето на германската влада од најмалку 1,5 метри безбедно растојание меѓу луѓето.

Новиот изглед на театарот му дава можност на посетителот да ужива во претставата во безбедно опкружување, како и да го најде своето место полесно. 

Бројни театри на отворено исто така следеа и започнаа реновирање за да им овозможат на луѓето да уживаат во перформансите и во пост-корона времето.


извор:zenskimagazin.rs