(ФОТО) Најшармантниот пролетен тренд е токму овој!

Добивај вести на Viber

Волуменозните ракави веќе некое време се голем хит, а модните експерти им предвидуваат најголеми моменти на слава токму оваа сезона.


Дооколку сте во потрага по ефектно освежување на гардеробата, нема да згрешите доколку во своите пролетни стајлинзи вклучите тренди топ, кошула, блуза или фустан со пуф ракави кои се вратија во големиот стил на модната сцена.

Пуф ракавите кои понекогаш се нарекуваат и таканаречени Алисини ракави поради јунакињата од книгата „Алиса во земјата на чудата“ која носела фустани со токму такви ракави насобрани во подрачјето на рамениците, ќе го направат и најобичното парче интересно и посебно.


Дека се апсолутен „must have“ оваа пролет потврдуваат и стајлинзите на славните убавици кои со задоволство зачекорија со овие шармантни ракави и гордо ги прошетаа на црвените килими.


Ѕвездата на серијата  'Glee' Леа Мишел сјајно ја искомбинира блузата на дизајнерката Јоана Ортиз со светли skinny фармерки и стилето чевли, додека Британката Росамунд Пик изгледаше без грешка во комбинацијата на  Saint Laurenta by Anthony Vaccarello и црните класични панталони.