Животна училница // Приказни
(ФОТО) НЕ СЕ КРИЈАТ ПОВЕЌЕ: Моника Белучи првпат во јавност со новото момче
- 07 Март, 2019
Николас Лефевре е новото момче на Моника Белучи. Италијанската актерка најде утеха во 18 години помладиот француски уметник кој поседува галерија. Шпекулациите за нивната врска почнаа во декември минатата година кога се појавија и првите папарацо фотографии, а сега и официјално потврдија дека се заедно појавувајќи се на ревијата на модната куќа „Шанел“ на Модната недела во Париз.
Николас од претходна врска има шестгодишна ќерка, а откако светските медиуми ја обелоденија неговата романса со филмската дива, на неговиот профил на Инстаграм преку ноќ доби илијадници нови следбеници.
По разводот со колегата Винсент Касел со кого има две ќерки, Белучи долго време умешно го криеше приватниот живот.