Животна училница // Приказни
(ФОТО) НЕ СУМ СЕ ТРЕСЕЛА НИКОГАШ КАКО НА ПРИРЕДБАТА НА СИН МИ: Синот на Северина е прваче
- 04 Септември, 2018
Поп-ѕвездата Северина Којиќ го испрати својот син Александар во прво оддление. На својот инстаграм профил, гордата мајка објави фотографија од синот, како тргнуваат накај училиште.
Северина, за овој специјален ден избра стилска комбинација од „Прада“ чевли и “Диор“ чанта.
„ Александар е прекрасно, мирно и разумно дете. Кога ја имаше првата приредба, уште во градинка, а и сега исто, ја имав најголема трема до сега. Не сум се тресела толку на мој настап“, ни изјави Северина во претходно интревју.
Таа и нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, преку судски процес водат битка за старателтсвото над синот.
Фото: Северина/Инстаграм