(ФОТО) НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Кристина Агилера реши да се фотографира без шминка

Добивај вести на Viber

Американската пејачка Кристина Агилера веќе две децении е присутна на јавната сцена, а освен исклучителни гласовни способности е позната и по храбрите промени на својот изглед. Овој пат се фотографирала за насловната на магазинот „Пејпер“ и покажа како изгледа без шминка.

37 годишната музичарка досега негуваше нежен изглед на платинеста русокоса, а своите црти на лицето ги нагласуваше воглавно со силна шминка-најчесто темен кармин и ајлајнер.

Овој пат се решила да ги изненади обожавателите без шминка на лице.

Како што вели поборничка е за храбри промени на својот изглед и таа е како поборник на природна убавина.


-Секогаш бев некој кој експериментира, обожава театралност и ужива да прави приказна во своите спотови или на настап. Јас по природа сум перформер. Но немам проблем да се откажам од тоа, да го почитувам она што сум како и својата природна убавина-истакна згодната Агилера.