(ФОТО) Несекојдневно искуство: Тамара и Хана во друштво на разиграните лемури
Популарната поп пејачка заедно со својата ќерка ја посети Зоолошката градина во Скопје како дел од кампањата „За здрави и среќни животни“.
Тамара Тодевска неодамна откри дека е повторно во блажена состојба, а по враќањето од одморот во Грција, заедно со преслатката Хана ги посетија животните во Зоолошката градина и искуството го споделија со јавноста преку фотографии.
Хана имаше можност одблиску да се запознае со лемурите кои се вистинска атракција за посетителите, а несекојдневно искуство како неа така и на мама Тамара им изнуди безброј насмевки.
Сигурни сме дека наскоро ќе испланирате посета на Зоолошката градина, каде веќе од наредниот месец ќе пристигнат две нови слоници од Белгија. Надлежните предупредуваат посетителите да не фрлаат храна на животните или пак ѓубре во нивите жиивеалишта и се надеваат дека со оваа кампања, ќе успеат да ја кренат свеста кај граѓаните за нивното несоодветно однесување.