Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Никогаш доста од бело сако: Елеганција и опуштеност во едно
Нежно и одлучно како неговата боја, ова сако е вистински симбол на вечен тренд. Неуморливо атрактивен за безброј комбинации, белото сако отсекогаш спаѓало во добрата сигурна зона на вашите модни избори. Едноставно, не ви дава никаков простор за да погрешите.
Послушајте си ги чувствата и делувајте. Елегантни и скоцкани за некоја посебна прилика или кежуал и тренди за секој ден, со ова сако резултатот е ист - погледите на сите останати засекогаш ќе бидат ваши.
Ако имавте дилема што да носите викендот, ние ви препорачуваме целосно бел стајлинг во едноставна форма или со многу накит. Секако сте веќе прекрасни, но и покрај ова модно парче дозволете си да ве видат во најдоброто светло.