Ноне Неделковска на својот профил на Фејсбук објави фотографија со ново момче. Станува збор за Урош Терзија, а Ноне под фотографијата стави емотикон „срце“.
Коментарите на пријателите се дека изгледаат преубаво, а дали станува збор за момче или само за пријател, останува да видиме.
- Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера- раскажа Ноне за Женски Магазин.
Фото: Фејсбук профил на Ноне Неделковска