(ФОТО) Нора Шаќири во совршен предновогодишен фустан за трудници

Добивај вести на Viber

Нора Шаќири, која е познато ТВ лице и новинар, сега вработена во Министерството за култура, е во седмиот месец од бременоста. 

Според нејзините фотографии на Инстаграм, омилено место за фоткање ѝ е лифтот.

Токму таму, Нора направи уште едно селфи на кое изгледа прекрасно. Нејзиниот тренди стил во бременоста, овојпат го потврди со припиен фустан со змиски дезен. Токму ова парче е едно од најбараните во предновогодишниот период.

За Женски магазин, Нора искрено раскажа дека била исплашена дека можеби желбата да стане мајка ќе ѝ се оствари побавно, поради проблемите со тироидната жлезда со кои се бори долги години.