(ФОТО) Одбравме совршен стајлинг за на плажа: Од глава до пети за 6.500 денари

Јули е еден од најтоплите месеци во годината. Затоа мора да избираме облека во која ќе се чувствуваме удобно и на плус 35 степени, а секако и во која ќе изгледаме убаво.

Затоа Женски Магазин направи совршен аутфит за вас, со едноставни парчиња кои ќе може да ги комбинирате во повеќе стајлинзи, а кои совршено изгледаат заедно.

Овој стајлинг кој чини 6468 денари, може да биде стајлинг за секој обичен ден од месецот, за на плажа, за вечера со саканиот или пак за забава со другарките. 

1. Шарени шноли

Неизбежниот додаток за коса ова лето- шнолите. Вашата коса ќе изгледа средено и свежо со помош на овие две шноли во нежни бои. Ќе ги најдете во Parfois за 290 денари.

2. Бела кошула

Белата кошула е вечен класик кој никогаш не излегува од мода. Дава еден лежерен и удобен изглед, а впечатливите детали дозволуваат под кошулата да облечете или костим за капење, или градник, или топче во шарени бои. Ќе ја најдете во Mango по цена од 1290 денари.

3. Џинс бермуди

Кратките панталони се апсолутен хит ова лето. Ќе ги купите еднаш, а ќе ги имате засекогаш. Овие ги имате во Springfield за 1199 денари.

4. Чанта

На секоја жена ѝ треба чанта која собира сѐ, а во исто време изгледа убаво. Една таква практична чанта која е совршена за овој стајлинг е оваа од Parfois која е на цена од 1490 денари.

4. Тренди папучи

За да го финишираме овој изглед, ги избираме тренди папучите кои мора да ги имате ова лето. Може да ги најдете во Women's secret по цена од 2199 денари.