Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Одлично парче: Пенелопе Круз во фармерки кои ги издолжуваат нозете
Пенелопе Круз изминативе денови престојува во Венеција, по повод Филмскиот фестивал таму. Атрактивната актерка не престанува да воодушевува со својот модерен изглед, без разлика дали станува збор за црвена тепих или обична прошетка.
Овојпат папараците ја фатија на островот Лидо, во лежерна комбинација, со црвено сако со двојно закопчување и елегантни траперки. Стајлингот беше заокружен со двобојната Шанел чантичка и црни апостолки со дебела подлога.
Славната убавица, висока 168 центиметри, направи одличен чекор одлучувајќи се за траперки, со оглед на тоа дека овој модел визуелно ги издолжува нозете, па изгледа многу повисока од што навистина е.