(ФОТО) Панчо со роденденска посвета за синот: Tато е твојот вечен слуга

Добивај вести на Viber

Дел од дуото ДНК, Владимир Блажев - Панчо или Диџеј Шорти Пи на Инстаграм објави фотка од својот син Марјан и му го честита роденденот со емотивна порака.

- Пред точно 4 години на денешен се роди Марјан, права Аеродромска бараба. 
Среќен ти роденден синко мој.
Да си жив и здрав, вечно среќен, насмеан, спокоен и безгрижен како што си до сега.
Те сака тато, твојот ВЕЧЕН СЛУГА - напиша Панчо.

Марјан е помалиот од двата сина, кои Панчо ги има со сопругата Маја. На прашањето какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели? “