(ФОТО) По 30 години брак, на заслужен одмор: Дарио со сопругата ужива на Крф

Докажаниот македонски кантавтор Дарио Панковски со сопругата Бојана е на годишен одмор на популарниот грчки остров Крф. Пејачот и автор објави неколку фотографии и видеа на социјалните мрежи со кои упати поздрав до неговите фанови.

Двојката годинава прослави три децении брак, а по тој повод Дарио специјално за „Женски магазин“ ја раскажа нивната љубовна приказна. Низ насмевка ни откри дека нивната врска почнала кога девојките се „ќарувале“ во диско.

- Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре. Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше. Ми беше многу тешко да ја освојам - ни раскажа Панковски.