(ФОТО) ПО ДОМА Ѝ ПРАВАМ КОНЦЕРТ НА ДОНА: Јана Бурческа сподели слика од ќерката
Пејачката Јана Бурческа објави слика од својата ќерка Дона, која на 11 октомври ќе наполни една година.
„ Наша Дона (но не како Дона на Калиопи – станува збор само за прекрасна случајност) се роди со првите пушки, на 11 октомври, како прав борец против фашизмот. Цела е на тато!“, изјави претходно Јана за својата ќерка.
„ Денот ми започнува со гласот на нашата Дона, во раните утрински часови. Откако таа ќе го заврши својот утрински ритуал, преминувам на својот, односно нашиот, со сопругот. Заедно го пиеме првото кафе и појадуваме секое утро“, додаде Јана.
Од оваа есен, пејачката има нов ангажман, таа минатата недела дебитираше како дел од од водителскиот тим на емисијата „Стисни плеј“, заедно со Александра Јовановска.
„ Често се случува да приредам концерт за Дона, со шаренолик репертоар - од опера до Боливуд“, додаде Јана.