(ФОТО) Постар сум од жена ми 34 години, а како да се 4: Бебек ја изненади сопругата
Пејачот Жељко Бебек со своите следбеници на Инстаграм сподели интересен момент од прославата на вчерашниот Ден на вљубените со својата сопруга Ружица , која е 34 години помлада од него.
Првиот пејач на „Бијело Дугме“ со сопругата, празникот го помина во Спа центар. Бебек на Ружица ѝ ги масираше нозете, а потоа наздравија со чаша шампањско, пишува „24 сата“.
Лани за годишнината од бракот беа во џакузи, а годинава за Свети Валентин, Бебек ѝ ги масираше нозете на Ружица
На Бебек му е пракса, фотографиите од прославата на годишниците со сопругата да ги објавува на социјалните мрежи. Минатата година, сподели момент како двајцата лежат во када, а една од претходните години од патувањето во Њујорк. Најнеобичната фотографија е онаа на која се гледа слика над нив, која е закачена на ѕидот, а на неа Бебек позираат во кревет. Пејачот вели дека секогаш сака да ја изненадува сопругата, а разликата во години за нив не претставува проблем.
Љубовната приказна на Ружица (39) и на Жељко (73) започна пред 21 година на еден од неговите концерти кога таа дошла како обожавателка и му барала автограм.
Најнеобичната фотографија е онаа на која се гледа слика над нив, која е закачена на ѕидот, а на неа Бебек позираат во кревет
„Сфатив дека погледите ни се сретнаа и дека кликнавме истиот момент. Уште веднаш донесов одлука дека ќе направам сѐ за да ја освојам, да ја наговорам со мене да остане засекогаш“, открил Бебек за „Нова ТВ“.
„Мала е разликата. Нешто ситно. 34 години се, а како да се четири“, рекол неодамна пејачот. Бебек истакнал дека се труди да биде млад маж и во тоа успева. Двојката ги има синот Звоннимир (16) и ќерката Катарина (14). И двајцата се музички таленти. Звонимир свири гитара, а Катарина клавир.