(ФОТО) Преубава двојка: Се омажи Јана Стојановска во раскошен фустан со деколте

Денеска, актерката Јана Стојановска и нејзиниот свршеник, кошаркарот Андрија Бојиќ кој игра за МЗТ направија свадба во еден белградски хотел. Двојката изгледаше многу елегантно. Јана носи фустан на кој не и се познава стомачето, додека Андрија избра сив костум.

Јана и Андрија се запознале минатата година во април, кога кошаркарот на МЗТ играл во Полска. Тој на Јутјуб ја слушнал нејзината песна „Празни зборови“ која ја сними во дует со Влатко Илиевски. Кога дошол во Скопје, решил да ѝ напише порака. „Потоа ми дојде на претстава и сѐ беше судбински“, ни ја раскажа Јана љубовната приказна со сегашниот сопруг.

За свадбата, таа изјави дека ќе биде со многу гости, и најважно ѝ е тие убаво да си поминат. 

Претходно актерката за Женски магазин изјави дека се чувствува одлично во бременоста. Нејзиниот свршеник, како дете од семејство каде што има повеќе машки деца, посакува ќерка.