(ФОТО) Пријовиќ во тесен фустан на роденден кај синот на Брена

Неполн месец откако го роди синот Александар, српската пејачка Алекандра Пријовиќ се појави во јавноста. Пријовиќ со сопругот, Филип Живојиновиќ беше на роденден кај неговиот брат Виктор, најмалиот син на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ.

Александра на роденденот во еден белградски ресторан, дојде во тесен фустан од тантела, а со својот изглед го воодушеви семејството и пријателите, пишува „Курир.рс“.

Роденденот, според фотографиите кои Лепа Брена ги објави на Инстаграм бил многу весел. Освен фолк-ѕвездата, за микрофотн се фатил и славеникот Виктор, но и неговиот  брат, Стефан. 

„Кај нас е секогаш весело“, напиша Лепа Брена под фотографиите од забавата која траела до рано наутро.