(ФОТО) ПРОЛЕТ 2018: Три тренди јакни кои мора да ги имате оваа сезона

Добивај вести на Viber

За вас издвојуваме три вечни модели кои ќе ја обележат сезоната пред нас...

Благодарение на нив во секој момент може да изгледате елегантно и шик, а тие се вистинско решение за модни дилеми. И затоа се неизоставен дел од гардеробата на секоја модерна дама!

Тексас јакна


Парче кое доаѓа во безброј нијанси и кроеви, и трае вечно. Тексас јакна може да комбинирате со речиси се што ви падне на ум. Идеална е за лежерни дневни комбинации со кои сакате да вметнете малку класичен бутовнички дух, и нота на бохо шик.

Класично сако


Парче кое често го гледаме на бројни ѕвезди и кое секоја комбинација ја крева во секундата. Класично црно сако може да комбинирате на безброј начини – со фармерки , црни панталони, но и фустан, миди здолниште ..

Црното, сивото и белото е идеално за вечерни комбинации и деловни настани, додека модели во неон и весели бои се сјајни за кафе, журки, коктел варијанти на отворено.

Кожна јакна


Жените одамна сфатија колку вреди добра кожна јакна. Парче кое им е омилено на многумина, а сме сигурни дека статусот никогаш нема да го изгуби.