(ФОТО) Вреден над 600.000 долари: Меган Маркл со нов веренички прстен

Неодамна, на едно традиционално собирање во Лондон, Меган Маркл за првпат се појави после породувањето, а јавноста беше воодушевена од нејзиното впечатливо издание.

Кога ги извади ракавиците, следуваше вистинско изненадување, но британските медиуми дури сега го пренесуваат тоа. Всушност, Меган го покажала новиот веренички прстен, две години откако Хари првпат и го подари.

Еве за што навистина станува збор. Хари во 2017 година својата понежна половина ја запроси со прстен кој на себе има два дијаманти од личната колекција на неговата мајка – принцезата Дајана.

Првобитниот прстен имал само полн обрач од жолто злато, два помали дијаманти и еден голем дијамант, кој сам го избрал принцот Хари, а го купил од Ботсвана, од каде носи со себе своја многу важна симболика – со оглед на тоа што првото заедничко патување им е токму на тоа место.

Кога точно Меган Маркл се решила да направи промени на вереничкиот прстен се уште никој не знае точно, но многу е веројатно тоа да го направила во текот на бременоста, кога не го носела. 

Што било поминало, јавноста засега внимателно го простудира прстенот на војвотката, па самите забележаа дека златниот дел на обрачот од прстенот е заменен со низа од неколку дијаманти.